spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за 2024...

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за 2024 година

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата за комунална такса за истакната фирма (фирмарина) за 2024 година до правните и физички лица во градот Делчево и руралните населени места на територијата на Општина Делчево.

Се замолуваат даночните обврзници кои нема да бидат пронајдени дома во моментот за достава на решенијата, истите ќе добијат службена белешка со која ќе можат да си го подигнат Решението за данок на имот  од канцелариите на Одделението за администрирање со даноци,такси и надоместоци при Општина Делчево.

Се надеваме на разбирање и соработка од Ваша страна.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...