spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Ново детско игралиште

Илинден: Ново детско игралиште

Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“.

Детското игралиште е ново освежување на просторот околу Домот на култура а опремено е со детски реквизити, како лизгална, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, гумен под, оградено е со панелна ограда, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски новото детско игралиште е одлично надополнување на на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, кои ќе се реализираат во наредниот период и во останатите населени места.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...