spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение, учениците ќе...

МОН: Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение, учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот нновата учебна година.  

Постапката за печатење на новите учебници започна пред две недели, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството.

за печатење на новите учебници започна пред две недели, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството.

Прашањето за новите учебници го решивме системски и долгорочно. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес. 

Извор:: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...