spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Учениците од ООУ „7 Март“ с.Челопек, Брвеница меѓусебно се дружеа и...

МОН: Учениците од ООУ „7 Март“ с.Челопек, Брвеница меѓусебно се дружеа и учеа со помош на едукативни роботи

Реализација на проекти за меѓуетничка интеграција со грантови добиени од МОН

Учениците од ООУ „7 Марси“ с.Челопек, Брвеница кои учат на македонски и албански наставен јазик, заедно со наставниците од училиштето меѓусебно се дружеа  и учеа со помош на едукативните роботи Clementoni Science and Play Coding Lab “BUBBLE Robot” и Clementoni Science and Play “Mio Robot” набавени со грантова поддршка од Министерството за образование и наука за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието.

Учениците од прво до петто одделение со помош на едукативните роботи и употреба на кодови креираа и цртаа геометриски фигури. За учениците не беше никаква пречка што зборуваат на различен јазик за да се дружат и учат заедно, користејќи ги двата наставни јазика.

Основната цел на грантовите кои секој година ги доделува МОН е спроведување на активности преку кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите промовирање на мултиетничките, мултикултурните и интеркултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент. На тој начин учениците кои говорат и учат на различни наставни јазици, меѓусебно се поврзуваат преку бројни наставни и воннаставни активности. Заедно учат, се дружат и создаваат пријателства.

За учебната 2023/2024 година МОН додели грантови на 76 основни и 25 средни училишта.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...