Плоштадот “Слобода” беше премногу мал да ги собере сите распеани и разиграни дечиња кои се збогуваа со градинката.
Преубава завршна претстава на која сите уживаа во одличните музички и ритмички точки на дечињата.
Ова е еден посебен ден за сите родители кои денес кажаа “Збогум” на градинката, а добредојде на започнување на образовниот процес.
Градоначалникот Дарко Костовски на сите дечиња им посака многу среќа и успех. Иднината е нивна.
Извор: Општина Бутел