spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на цените на услугите*, прво тримесечје 2024 година

ДЗС: Индекси на цените на услугите*, прво тримесечје 2024 година

Цените на услугите во секторот Поштенски и курирски услуги во првото тримесечjе од 2024 година пораснале за 3.8 % во споредба со првото тримесечје од 2023 година.

Во првото тримесечје од 2024, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Според видови транспорт, цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0.1 %, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3.8 %.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0.7 % во одделот Телекомуникации.

*) Сектори: Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производи по дејности.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...