spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Денот на згрижувачи ќе биде одбележан со настан за промоција и...

Гевгелија: Денот на згрижувачи ќе биде одбележан со настан за промоција и проширување на социјалната услуга

Центарот за поддршка на згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје, по повод одбележувањето на 1 Јуни – Денот на згрижувачи, а со цел промоција на згрижувањето како социјална услуга и ширење на мрежата на згрижувачки семејства во општината Гевгелија, oрганизира промотивен настан. Настанот ќе се реализира утре (31 мај 2024 година), во период од 10:00 до 12:00 часот, на плоштадот во Гевгелија.

– Ако сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за постапката сместување на деца без родителска грижа во згрижувачко семејство, кој се може да стане згрижувач, односно носител на дејност сместување во згрижувачко семејство, законските критериуми за регистрација и поддршката која ја добиваат згрижувачките семејства, вклучително и информации за финансиските надоместоци за услугата, дојдете на посочената локација во назначениот период, каде стручните лица од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства со задоволство ќе одговорат на сите отворени прашања. Исто така, на овој ден сакаме да ја подигнеме свеста за важноста на згрижувачките семејства кои во својот дом овозможуваат поддршка многу деца кои поради различни причини не можат да живеат со своите биолошки семејства за да имаат нормално детство, исполнето со радости, учење и заштита, велат од СОС Детско село Скопје.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...