spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Исчистен одводниот канал „Рауљ“

Гевгелија: Исчистен одводниот канал „Рауљ“

Во пресрет на вчерашното невреме проследено со дожд и град, беше извршено чистење на одводниот канал „Рауљ“ во Гевгелија. Оваа активност е во рамки на акцијата што Општина Гевгелија ја започна од неодамна, со чистење на одводните канали во населените места Миравци и Негорци.

Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, станува збор за исклучителна важна акција, којашто има за цел заштита од поплави при обилни врнежи од дожд. Но, исто така, и расчистување на терените покрај каналот и подобрување на изгледот. Ваква акција за уредување на сливните корита се извршени пред повеќе од седум години, што придонесе за да бидат во доста лоша состојба и со мал капацитет за одводнување.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте