Почнувајќи од 1 август 2024 година, државјаните на Република Северна Македонија, кои планираат патување во Државата Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization SystemETA https://www.gov.il/en/departments/topics/eta-il/govil-landing-page ). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.
На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (ок. 6.25 ЕУР) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.
Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: eta@piba.gov.il
На следниот линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето: https://israel-entry.piba.gov.il/get-help/