Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта во Општина Илинден.
Станува збор за улицата „109“ во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица ќе добие и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на почетокот од изградбата на улицата и информираше дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.
Извор: Општина Илинден