Во рамки на општинскиот натпревар по прва помош, кој се одржа минатата недела во паркот на Општина Ѓорче Петров, а во организација на Црвениот крст Карпош, учениците од ООУ ,,Јан Амос Комеснки”, го освоија првото место помеѓу општинските училишта од Карпош и Ѓорче Петров. Основците, кои беа обучувани од лица волонтери од Црвениот крст Карпош, ја покажаа својата подготвеност и тимска работа на овогодинешниот општински натпревар, а кои ќе имаат можност достојно да ја представат Општината на Регионален натпревар по прва помош.
Имено, на натпреварот учествуваа 23 екипи од основните училишта од двете општини, а победничкиот тим беше составен од Никола Божевски-капитен, Ива Ивановска, Андреа Стевоска, Миа Џидрова, Ања Цветковска, Максим Ампов, Илин Митковски, а кои беа предводени од проф. Елизабета Теодосиевска , одговорен наставник за Клубот на Црвениот крст.
Тимската работа и одличната координираност беше наградена и со диплома за најдобар тим.
Извор: Општина Карпош