Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Демир Капија, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.06.2024 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Хоризонти на надеж: Зајакнување на заедницата во Општина Демир Капија” за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци / 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица активни баратели на работа.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
– Млади лица до 29 години;
– Лица постари од 50 години;
– Лица корисници на Гарантирана минимална помош;
– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
– Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници;
– Лица припадници на ромската етничка заедница;
– Самохрани родители;
– Родители на деца со пречки во развојот;
– Родители на 3 и повеќе деца;
– Лица со незавршено средно или пониско образование;
– Невработени лица.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: Воспитувач во ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија
Позиции за работно место 1: 1
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1:
– Дипломиран професор по предучилишно образование, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст и дипломиран педагог за предучилишно воспитание – со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено вишо образование за воспитувачи;
– Стекната лиценца за вршење на работи и задачи како воспитувач.
* Кандидатите треба да се активни баратели на работа
Работно место 2: Негувател во ЈОУДГ „Борис Трајковски“ Демир Капија
Позиции за работно место 2: 2
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:
– Завршено четиригодишно средно образование од струките: гимназиска, уметничка, фискултурна и медицинска струка;
– Стекната лиценца за вршење на работи и задачи како негувател.
* Кандидатите треба да се активни баратели на работа
Работно место 3: Фасилитатор за координација и поддршка на социјални услуги во народната кујна
Позиции за работно место 3: 2
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3:
– Завршено средно образование, недооформено средно и основно образование.
* Кандидатите треба да се активни баратели на работа
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино во периодот од 07.06.2024 година до 14.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Демир Капија и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Демир Капија кај лицето Стефанија Соколовиќ, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, во Агенција за вработување – Центар за вработување Неготино кај лицето Јасминка Лембова и во Центар за социјална работа Неготино кај лицето Цанка Рутева.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Лазар Петров
Извор: Општина Демир Капија