Синдикалната организација од Општина Карпош го освои третото место во севкупен пласман на 29. синдикални игри и средби, кои се одржаа минатиот викенд (6-9 јуни) во Охрид. Во рамки на синдикалните игри кои ги организираше Синдикатот на УПОЗ, учествуваа над 390 претставници од 32 синдикални организации од државава.
И на овие синдикални игри Општина Карпош покажа доминација во екипните спортови, па така, со златни медали се закитија машкиот тим во кошарка и мешаниот тим во одбојка, а бронза освоија женската кошаркарска екипа и мешаниот тим во влечење јаже. Во поединечните спортови освоивме сребрен медал во тенис, во женска конкуренција.
Синдикалната организација на Општина Карпош изразува голема благодарност до своите учесници на игрите за вложениот труд и постигнатиот успех, а особено до членовите на Советот на општината, како и до градоначалникот за изразената поддршка преку овозможување на соодветни услови за подготовка и достојно претставување на општината на синдикалните игри.
Извор: Општина Карпош