spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Завршна работилница од проектот – “Неми сведоци”

Куманово: Завршна работилница од проектот – “Неми сведоци”

 Се одржа завршната работилница од проектот за помош на жртви на насилство од страна на врсници – “Неми сведоци”, во организација на граѓанско здружение “Доверба” – Куманово.

Раководителка на проектот е претседателката на здружението, Дивна Јанкова.
Во проектните активности учествуваа средните општински училишта: СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, ОСТУ “Наце Буѓони”, СОУ “Перо Наков” и ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” (последното училиште денеска не учествуваше на работилницата).
Завршната работилница се однесува на група за напредна помош на врсници кои се соочуваат со ваков вид на насилство.
На настанот учествуваше и претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...