Во периодот од 07-09.06.2024 год. во Охрид се одржа петтата синдикална школа на САДУ која како и секој пат обработува актуелни и горливи теми за работниците, вработените во јавниот сектор и членовите на синдикатот.
Оваа година темите беа платите во јавниот сектор, реформите и дигитализацијата на јавниот сектор, колективните договори и нивната важност и секако синдикалното организирање како основа за подобрување на правата на работниците.
Согласно агендата за школата се одржаа три панели на споменатите теми и имаше повеќе панелисти кои имаа свои презентации за кои се разви дискусија и секако одговараа на прашања од учесниците кои доаѓаат од различни институции од јавниот сектор и кои се засегнати со сите промени кои се најавуваат дека ќе се спроведат.
Секако се дојде до одредени заклучоци за тоа кои се потребите на јавната администрација, како би се подобрило нивното функционирање, секако во насока и на дигитализацијата која е неминовна, и се очекува истите да се спроведат за да се има квалитетни услуги за граѓаните на државата и секако за задоволни вработени кои ќе добијат валидација за својата работа, труд, образование и секако придонесот кој го имаат бидејќи тие се другата страна со која заеднички треба да се подобрува и унапредува јавниот сектор.
Извор: САДУ