spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Чистење на отворениот канал во с. Владевци

Василево: Чистење на отворениот канал во с. Владевци

Општина Василево изврши машинско чистење на отворениот канал во с. Вледевци кој се простира од десната страна на локалниот пат што од с. Ново Владевци води кон с. Сушево.

Отстранети се земјените наноси, тревата и останатата вегетација со што е нормализирана неговата функција односно створени се услови за непречен проток на вода во услови на интензивни врнежи. На лице место беше градоначалникот наопштина Вaсилево Славе Андонов, кој информацијата со фотографии од терен ја сподели на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo2

„Се изврши машинско чистење на отворен одводен канал во Градошорци и Владевци од наталожена кал и вегетација, се со цел непречен проток на атмосферските води и спречување на настанување на поплави“, напиша Андонов.


Активноста е извршена во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.

Извор: Општина Василево

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...