Општина Василево изврши машинско чистење на отворениот канал во с. Вледевци кој се простира од десната страна на локалниот пат што од с. Ново Владевци води кон с. Сушево.
Отстранети се земјените наноси, тревата и останатата вегетација со што е нормализирана неговата функција односно створени се услови за непречен проток на вода во услови на интензивни врнежи. На лице место беше градоначалникот наопштина Вaсилево Славе Андонов, кој информацијата со фотографии од терен ја сподели на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo2,
„Се изврши машинско чистење на отворен одводен канал во Градошорци и Владевци од наталожена кал и вегетација, се со цел непречен проток на атмосферските води и спречување на настанување на поплави“, напиша Андонов.
Активноста е извршена во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.
Извор: Општина Василево