spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: И годинава со финансиска поддршка за спортистите

Илинден: И годинава со финансиска поддршка за спортистите

И оваа година Општина Илинден објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е наменет за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, , европско, балканско и национално првенство без оглед на возраста и спортистот во сите категории, во тековната или претходните три години. Право на поддршка има и спортист жител на општина Илинден кој постигнал спортски резултати натпреварувајќи се во екипни спортови како член на спортски клуб односно национална репрезентација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информира дека и оваа година продолжува поддршката на спортистите од Општината, а целта е да се поддржат и наградат спортистите од нашата општина кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари. Јавниот повик содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари

Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден е со времетраење од денот на објавување заклучно со 26.08.2024 година во кој период можат да се поднесуваат барања.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.


Врз основа на Програмата за спорт и спортски активности на подрачје на Општина Илинден за 2023 година арх.бр.08-3422/17 од 22.12.2023 година и  Правилникот за доделување на еднократна финансиска поддршка на спортисти жители на Општина Илинден донесен од Советот на Општина илинден со бр.08-1240/10 од 27.04.2023година, на ден 12.06.2024 година Градоначалникот на Општина Илинден објавува    

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден  во 2024 година

1. Опис на јавниот повик  

1.1. Општина Илинден, согласно Правилникот за   доделување на еднократна финансиска поддршка на спортисти жители на Општина Илинден донесен од Советот на Општина илинден со бр.08-1240/10 од 27.04.2023година предвидува прaво на еднократна финаниска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, европско првенство, балканско првенство и национално првенство без оглед на возраста на спортистот во сите категории, во тековната година или претходните три години.

Право на еднократна финансиска подршка  има  спортист жител на општина Илинден кој постигнал спортски резултати натпреварувајќи во екипни спортови како член на спортски клуб односно национална репрезентација.

1.2. Износот кој Општина Илинден го доделува како еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден изнесува:

  • прва категорија во висина до 130.000,00 денари,
  • втора категорија во висина до 120.000,00 денари,
  • трета категорија во висина до 90.000,00 денари;
  • четврта категорија во висина до 60.000,00 денари;
  • петта категорија во висина до 30.000,00 денари

2. Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна финансиска подршка за спортисти жители на Општина Илинден има:

I. Спортист кој се натпреварувал на олимписки игри и постигнал еден од следниве резултати (прва категорија):

  • За освоено прво место еднократна финансиска поддршка во висина од 130.000,00 денари;
  • За освоено второ место еднократна финансиска поддршка во висина од 120.000,00 денари;
  • За освоено трето место еднократна финансиска поддршка во висина од 110.000,00 денари;

Воедно за учество на олимписки игри на спортист жител на општина Илинден ќе се исплати еднократна финансиска поддршка во висина од 60.000,00 денари.

II. Спортист кој се натпреварувал на светско првенство, според годишниот календар на натпревари на дадената светска федерација и постигнал еден од следниве резултати ( втора категорија):

  • За освоено прво место еднократна финансиска поддршка во висина од 120.000,00 денари;
  • За освоено второ место еднократна финансиска поддршка во висина од 110.000,00 денари;
  • За освоено трето место еднократна финансиска поддршка во висина од 100.000,00 денари;

III.Спортист кој се натпреварувал на европско првенство според годишниот календар на натпревари на дадената европска федерација и постигнал еден од следниве резултати (трета категорија):

  • За освоено прво место еднократна финансиска поддршка во висина од 90.000,00 денари;
  • За освоено второ место еднократна финансиска поддршка во висина од 80.000,00 денари;
  • За освоено трето место еднократна финансиска поддршка во висина од 70.000,00 денари;

IV. Спортист кој се натпреварувал на балканско првенство според годишниот календар на натпревари на дадената балканска федерација и постигнал еден од следниве резултати ( четврта категорија):

  • За освоено прво место еднократна финансиска поддршка во висина од 60.000,00 денари;
  • За освоено второ место еднократна финансиска поддршка во висина од 50.000,00 денари;
  • За освоено трето место еднократна финансиска поддршка во висина од 40.000,00 денари;

V. Спортист кој се натпреварувал на национално ниво според годишниот календар на натпревари на дадената национална федерација и постигнал еден од следниве резултати ( петта категорија):

  • За освоено прво место еднократна финансиска поддршка во висина од 30.000,00 денари;
  • За освоено второ место еднократна финансиска поддршка во висина од 25.000,00 денари;
  • За освоено трето место еднократна финансиска поддршка во висина од 20.000,00 денари;

За постигнати резултати на национално првенство во не сениорска конкуренција еднократната финансиска поддршка изнесува 50 проценти од износот даден во петта категорија.

Во случај да еден спортист во текот на една година освои повеќе места од наведените категории ќе му се исплати само еднократна финансиска помош за највисокото рангирано место.

3. Услови што треба да ги исполни барателот

Правото на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден , може да оствари спортист кој е :

  • државјанин на Република Македонија;
  • жител на општина Илинден и е со постојана адреса на живеење во оштината;                                                                                                                           
  • активен спортист и член на регистриран спортски клуб согласно со закон;
  • има спортски постигнувања во екипни или индивидуални спортови во тековната или претходните три години;

4. Начин на пријавување на Јавниот повик и потребна документација

 4.1. За учество на јавниот повик, барателот е должен да поднесе барање  со следната документација:

  • потврда од спортскиот клуб дека е член на клуб;
  • докази за постигнати спортски резултати од тековната или претходните три години;
  • годишен план на натпревари од соодветната федерација;
  • копија лична карта;
  • копија од трансакциска сметка и
  • извештај за постигнати резултати (меѓународни, домашни) издаден од матичната федерација на спортистот
  • За спортисти до 18 години кон барањето се доставува и согласност потпишана од родител односно старател.

4.2 Барањето и потребните докази се доставуваат преку архивата на Општина Илинден во рокот наведен во Јавниот повик. Доказната документација се доставува во затворен плик со назначување на бројот на Јавниот повик.

5. Времетраење на Јавниот повик:

Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка за спортисти жители на Општина Илинден  е со времетраење од денот на објавување заклучно со 26.08.2024 година  во кој период можат да се поднесуваат барања.

Ненавремените и некомплетните барања Комисијата нема да ги разгледува и ќе се смета дека истите не се поднесени.

6. Начин на спроведување на Јавниот повик

6.1. Постапката за селекција и избор на спортисти  кои ќе остварат право на еднократна финансиска помош за спортски достигнувања ја спроведува Комисија за селекција и избор на спортисти за остварување на право на еднократна финансиска помош за спортски достигнувањаформирана од Градоначалникот на Општина Илинден.

6.2 Комисијата е надлежна:

  • да ги разгледа пристигнатите барања;
  • да ги разгледа доказите приложени кон барањето;
  • да изврши избор на кандидатите кои ги исполнуваат условите за остварување на правото еднократна финансиска поддршка;
  • да изработи и достави Извештај до градоначалникот за кандидатите кој ги исполнуваат условите.     

7. Начин на остварување на правото на надоместок

 6.1. Градоначалникот на Општина Илинден на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.

 6.2.Барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик ќе бидат известени со известување  за неусвојување на барањето.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...