spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Асфалтирање на нови 7 улици во Стопански Двор

Ѓорче Петров: Асфалтирање на нови 7 улици во Стопански Двор

Општина Ѓорче Петров денеска стартуваше со асфалтирање на ул.52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата конечно добива нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина.

Како локална единица, Општина Ѓорче Петров досега самостојно реконструираше над 60-тина улици во општината со што значително се подобри инфраструктурата.

-Пружената рака со граѓаните е наша заложба дека ќе го решиме нивниот проблем. Никогаш не ветувам ако не можам да остварам, и никогаш не отстапувам ако ветам. Денеска на мое задоволство остваривме уште едно ветување за кое долги години се бараше решение, проблем кој се провлекуваше со години и никој сериозно не се заложи да им го реши на граѓаните на ул.52 во Стопански Двор – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој истовремено најави и нова градежна офанзива во сите делови на Ѓорче Петров. -Ве уверувам дека лошата патна инфраструктура во нашата општина ќе биде минато – подвлече Стојкоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте