spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Сребро за ООУ ,,Лазо Трповски” на општинскиот натпревар по прва помош

Карпош: Сребро за ООУ ,,Лазо Трповски” на општинскиот натпревар по прва помош

Во рамки на општинскиот натпревар по прва помош, кој се одржа минатата недела во паркот на општина Ѓорче Петров, а во организација на Црвениот крст Карпош, учениците од ООУ ,,Лазо Трповски”, го освоија второто место во конкуренција меѓу основците од општинските училишта од Карпош и Ѓорче Петров. Учениците кои беа обучувани од лица волонтери од Црвениот крст Карпош, ја покажаа својата подготвеност и тимска работа на овогодинешниот општински натпревар, а кои ќе имаат можност достојно да ја представат Општината на Регионален натпревар по прва помош.

Имено, на натпреварот учествуваа 23 екипи од основните училишта од двете општини, а победничкиот тим беше составен од основците Камелија Спасоска (8Б), Анѓела Станојевиќ (8Б), Дарио Карамачоски (9А), Драган Бошковски (9А), Ива Вапска (9А), Анџела Несторовска (9А), Атанас Стаматовски (9А), Јована Јоќич (9Б), кои беа предводени од проф. Даниела Радевска, одговорен наставник за Клубот на Црвениот крст.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...