spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ученичка од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го освои првото место на...

Карпош: Ученичка од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го освои првото место на државниот натпревар по хемија

Деветоодделенката Михаела Карадимче од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го освои првото место на државниот натпревар по хемија, кој се одржа на 31 мај на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје Предводена од својот ментор, наставникот по хемија Даниел Николовски, Михаела успеа да ги покаже своите знаења и вештини на највисоко ниво, надминувајќи ги сите предизвици и силната конкуренција.

Овој значаен резултат е плод на нејзината посветеност, труд и љубов кон науката. Постигнатиот успех на државно ниво  говори за  извонредната заложба на основката и нејзиниот ментор, кои во најдобро светло го претставија своето училиште како и општина Карпош, која наметна високи стандарди во областа на образованието на своја територија.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...