spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Информативна средба со градоначалници заради имплементација на системот на интегритет

ДКСК: Информативна средба со градоначалници заради имплементација на системот на интегритет

На 13.06.2024 година во Велес, Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје го одржаа вториот од четирите планирани настани со  градоначалниците и раководните лица од единиците на локалната самоуправа, заради заокружување на досегашната соработка во делот на имплементацијата на системот на интегритет на локално ниво. На настанот учествуваа градоначалници од Вардарскиот и Североисточниот статистички регион.

Членот на ДКСК Цвета Ристовска во своето обраќање го истакна значењето на прифаќањето на политиките на интегритет од страна на единиците на локалната самоуправа нагласувајќи дека нивното имплементирање е од суштинско значење за намалување на корупцијата, подобрување на етичкото однесување во јавниот сектор, како и изградба на одговорен систем на владеење.

Ристовска, во име на ДКСК, се заблагодари на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за неисцрпните заложби во партнерството со Државната комисија, особено при дејствување во насока на унапредување на системот на интегритет во единиците на локалната самоуправа.

Членовите на ДКСК, заедно со амбасадорот Килиан Вал повторно ја реафирмираа својата заложба за промовирање на начелата за интегритет и спречување на корупцијата во насока на засилена соработка во иднина со единиците на локалната самоуправа.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...