spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја во посета на општината

Богданци: Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја во посета на општината

Општина Богданци ја посети амбасадорот на Јапонија во Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. При посетата, Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, оствари работна средба со јапонскиот амбасадор, на којашто го запозна за основните податоци за нашата општина, за тоа какви проекти се работат во моментов и што се планира да се сработи во иднина.

По средбата, присустуваа на Изложбата „Jaпонскиот лебдечки свет UKIYO-Е“, којашто беше поставена во ЈОУДК „Бранд Петрушев“ по повод одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија. Изложбата беше збогатена со ликовна работилница, на којашто учествуваа ученици од ООУ „Петар Мусев“- Богданци, под менторство на ликовниот педагог, Перо Танчев.

Градоначалникот упати  покана до сите љубители на уметноста да ја посетат оваа изложба која ќе биде поставена 7 дена. На изложбата ќе имаат можност да се запознаат со делата на најпознатите јапонски мајстори на дрворезот од 17 и 18 век. Овде се и делата на најпознатиот мајстор на ukiyoe, Хашикава Кишибеи, кои ги претставува жените во ново светло.

Избор: Општина Богданци

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...