Град Скопје и скопското јавно претпријатие Водовод и канализација, континуирано реализираат проекти за подобрување на водоснабдувањето во градот, решавање на повеќедецениските проблеми со честите прекини поради застареноста на системот, намалување на загубите на вода и трошоците за поправките на дефектите на водоводната мрежа. Продолжуваат градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Лисец во Аеродром, со која се врши двојно зголемување на досега незадоволителниот профил на водоводните цевки, со цел обезбедување на квалитетно и континуирано водоснабдување за жителите во тој дел од општината.
Со реализација на овој проект за обнова на водоводната мрежа, се решава уште еден долгогодишен проблем каде досега поради дотрајаност и несоодветност, имаше појава на дефекти на старата водоводна мрежа и чести прекини во водоснабдувањето. Изведбата на оваа реконструкција претставува реализација на уште еден од проектите од програмата За модерно Скопје, за обновување и подобрување на градската водоводна мрежа.
Извор: Град Скопје