spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Прво издание на Мултимедијалниот фестивал „Арт Ум“

Гевгелија: Прво издание на Мултимедијалниот фестивал „Арт Ум“

За првпат во Гевгелија, ќе се одржи Мултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“, во организација на Здружението на граѓани „АРТ-УМ 023“- Гевгелија. Во двата фестивалски дена (21 и 22 јуни 2024 година), ќе се реализираат бројни активности, како: изложби, работилници, уметнички перформанси и настапи на истакнати домашни и странски легенди на електронската музика.

Фестивалот ќе започне на 21 јуни, во Народниот театар- Гевгелија, со мултимедијална изложба, на којашто ќе учествуваат четири гевгелиски уметници препознатливи по својата автентичност: Перо Кованцалиев, Ице Капсаров, Александар Јанев и Мирјана Крстева Массетти, претставувајќи се со своите дела, инсталации и перформанси. Исто така, ќе се одржат и кратки работилници за генеративната уметност од архитектот Натали Василева и мастер-клас на тема: „Кратка историја и вовед во електронската музика и основни на аналогна синтеца“ од продуцентот и ди-џеј Александар Гроздановски (Herzel).

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...