spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Ја известуваме јавноста дека по вчерашниот состанок организиран од страна на ЦУК, со присуство на претставници на општина Центар, Град Скопје и МВР, во врска до срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, се потврди укажувањето на Град Скопје дека законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти е на Министерството за здравство на Македонија.

Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...