spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Реакција на соопштение на МВР

Карпош: Реакција на соопштение на МВР

Општина Карпош реагира на соопштението на Министерството за внатрешни работи по повод тепачка во Злокуќани, а потоа и на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Локалната самоуправа е на став дека кон овие насилници во бруталната пресметка незапаметена за нашата општина органите за спроведување ред и мир не реагираа соодветно на степенот на бруталноста, насилието и употребата на разни остри помагала и оружје во овој немил настан.

Општина Карпош смета дека доколку одговорот на полицијата во првата пресметка во Злокуќани била пропорционална на тежината на инцидентот нема да се случела тепачката на Клиничкиот центар. Дотолку повеќе што голем дел од овие насилници се познати на полицијата со години. За какви луѓе станува збор покажува фактот што се дрзнале да направат нова физичка пресметка во Клиничкиот центар токму онаму, каде граѓаните и тие истите одат на лекување и бараат помош од истите тие установи.

Раководството на општината во повеќе наврати укажуваше на надлежните државни органи дека кон овие луѓе треба да се настапи бескомпромисно и одлучно да бидат санкционирани согласно законот, во спротивно нивната бруталност добива на замав и го претвора Злокуќани во нивна забранета зона која се шири како рак рана кон Бардовци и Влае 1.

Со почит,

Општина Карпош

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...