spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Стефан Андоновски и Горан Минчев денеска ја презедоа функцијата министер за...

МИОА: Стефан Андоновски и Горан Минчев денеска ја презедоа функцијата министер за Дигитална трансформација и министер за Јавна администрација

Денеска во просториите на поранешно Министерство за информатичко општество и администрација, беше извршено примопредавање на должноста министер за Дигитална трансформација и министер за Јавна администрација.

Стефан Андоновски, министер за Дигитална трансформација и Горан Минчев, министер за Јавна администрација, беа пречекани од досегашниот министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, заменик министерот Александар Бајдевски и државниот секретар Елвин Хасан.

Министерот Бајрами ги пречека новите министри во една свечена атмосфера и им посака многу среќа и успех во новите предизвици.

Како што се знае, со новиот Закон за изменување и дополнување на законот за организација и работа на органите на државната управа, кој што беше изгласан на 8 јуни 2024 година во Собранието на Република Северна Македонија, престана да функционира Министерството за информатичко општество и администрација и од која се формирани две нови министерства, и тоа: Министерство за Дигитална трансформација и Министерство за Јавна администрација.

Инаку, Наим Бајрами беше избран за министер на Министерство за информатичко општество и администрација од 12 февруари 2024 година.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...