Се одржа четвртиот меморијален меѓународен турнир во бокс во Куманово „Мирослав Петровиќ“. И оваа година честа да го отвори овој турнир му припадна на градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски и поранешен вицешампион на поранешна Југославија.
Тој се обрати пред присутните учесници и присутни гледачи и им посака среќа и успех на турнирот на сите натпреварувачи и секако да победи најдобриот.
Боксерскиот Клуб „Куманово 84“ му додели пехар на Митевски за вложувањето и придонесот за развојот на боксот во Куманово
Извор: Општина Петровец