spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Средба на Југословенски боксерски легенди

Петровец: Средба на Југословенски боксерски легенди

Во Хотел Мирор во Петровец, на покана на вицешампионот во бокс на поранешна Југославија – Борче Митевски а воедно и актуелен градоначалник на Општина Петровец, присуствуваа Југословенските боксерски легенди освојувачи на светски и олимписки медали. Митевски како вицешампион на поранешна Југославија оствари средба со нив и им додели плакети за дадениот придонес за развојот на боксот како на балканските простори, така и во Македонија.

На средбата присуствуваа Тадија Качар, Антон Јосиповиќ, Драган Вујковиќ, Мирко Пузовиќ, Велимир Јевтиќ, Фазлија Шакировиќ, Небојша Вуковиќ, Реџеп Реџеповски и Аце Русевски.

Воедно од Боксерскиот сојуз на Србија и Боксерскиот Клуб „КУМАНОВО 84“ на Борче Митевски му доделија плакета и признание за особен придонес во развојот и промоцијата на боксерскиот спорт како во Македонија исто така и во Србија.

Извор: Општина Петровец

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...