Министерот за локална самоуправа, Златко Перински започнува со средби со градоначалниците, како дел од неговата работна агенда.
Денеска се сретна со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски при што се разговараше за досегашната соработка на општината со централната власт и за динамиката и начинот на соработка во иднина.
Се разговараше за развојните потенцијали на општините и подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што соговорниците се сложија дека е можно да се оствари само преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт.
Министерот Перински посочи дека соработката со локалната самоуправа е високо на агендата на новата влада и се планира голем дел од капиталните проекти коишто ги адресираат потребите на граѓаните да бидат реализирани преку општините во следниот период.