spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Реконструкција на две основни училишта во Брвеница

МОН: Реконструкција на две основни училишта во Брвеница

Во општина Брвеница започнаа реконструктивни активности во две основни училишта, финансирани од Министерството за образование и наука. Станува збор за основното училиште „Кочо Рацин“, кое целосно ќе се обнови, односно ќе се замени кровот,  фасадата, внатрешните врати и подови. Ова е прва инвестиција откако е изграден објектот во 1958 година и ќе биде заокружена за 6 месеци. Второто училиште е „7ми Март“ кое ќе добие нова фасада, пред 1 септември.

За двете инвестиции кои се дел од годинешниот акциски план за реконструкција на училишта и подобрување на условите за настава во основните и средните училишта, Министерството за образование и наука одвои околу 25 милиони денари.

Сите ученици и наставници заслужуваат современ и модерен образовен процес, кој подразбира не само подобрување на наставните планови и програми кои етапно се заменуваат, туку и подобрување на условите во кои се изведува наставата. А токму со ваквите инвестиции потврдуваме дека подобрувањето на образовната инфраструктура претставува еден од приоритетите на кои Министерството за образование и наука интензивно се посветува.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Бутел: Целосна реконструкција и асфалтирање на улиците

0
Нови асфалтирани улици – нови задоволни граѓани. Општина Бутел продолжува со реконструкција и асфалтирање на улиците во населеното место Расадник. Ова е улица која за првпат...