Со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија се назначени нови директори и тоа на ЈСП Драги Кушовски, ЈП Паркови и зеленило Мартин Ангеловски и на ЈП Улици и патишта Ванчо Умленски.
Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите.
Извор: Град Скопје