spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Општината и населбата Радишани беа во центарот на баскет 3х3 турнирите

Бутел: Општината и населбата Радишани беа во центарот на баскет 3х3 турнирите

Три дена исполнети со многу забава, дружење но пред се врвна кошарка со најдобрите екипи од цела Република Македонија и регионот.

Кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога во ООУ “Ацо Шопов” беше домаќин на овој турнир и оваа година.

Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки до сите екипи кои беа дел од овој турнир.

Златен медал “Лесковац”
Сребрен медал КК “Бутел”
Бронзен медал “Силбо”

За првпат оваа година беше одржан и јуниор турнир за младите.

Градоначалникот Дарко Костовски и општина Бутел секогаш ќе бидат поддржувачи и покровители на вакви настани.

Благодарност до екипата од населба Радишани за вложениот напор и труд за овој прекрасен настан да изгледа така како што изгледаше и секоја година да е подобар од предходниот.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

Илинден: Асфалтирана улица во Јака

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во...