На средбата, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, со заемни заложби за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и севкупна соработка.
Соговорниците ја истакнаа посветеноста на владата за забрзување на евроинтегративниот процес, преку спроведување на зацртаната реформска агенда што пак е од интерес за целокупната регионална и европска стабилност.
При тоа, Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната поддршка од Австрија, како на билатерално ниво, така и во рамки на групата “Пријатели на Западен Балкан“ за што поскоро заокружување на европската интеграција во земјава.
Извор: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија