spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНРТ: Министерот Муцунски се сретна со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

МНРТ: Министерот Муцунски се сретна со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

На средбата, беше изразено задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји, со заемни заложби за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и севкупна соработка.

Соговорниците ја истакнаа посветеноста на владата за забрзување на евроинтегративниот процес, преку спроведување на зацртаната реформска агенда што пак е од интерес за целокупната регионална и европска стабилност. 

При тоа, Министерот Муцунски се заблагодари за континуираната поддршка од Австрија, како на билатерално ниво, така и во рамки на групата “Пријатели на Западен Балкан“ за што поскоро заокружување на европската интеграција во земјава.

Извор: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Прочитајте

Илинден: Изградба на стадионот

0
Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна со изградба на фудбалскиот стадион во Илинден, кој ќе се реализира во неколку...