spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Изработка на долгорочна стратегија за целосна дигитализација на општинските услуги

Струмица: Изработка на долгорочна стратегија за целосна дигитализација на општинските услуги

Во Младинскиот Центар во Струмица се реализираше работилница на тема дигитализација, во чии рамки раководителите на општинските одделенија и директно засегнатите службеници ја дискутираа нацрт стратегијата за целосна дигитализација на општина Струмица.

Во рамки на стратешкиот пристап за развој на општина Струмица опфатен е проект за дигитализација на услугите од општината согласно потребите на струмичани. Според првично дефинираните цели, стратегијата опфаќа:

-Подобрување на животните стандарди;

-Подобрување на општинското работење;

-Негување на колаборативно управување;

-Поттикнување на економски развој;

-Промовирање на заштита на животната средина;

-Надградба на дигиталната инфраструктура.

Во следниот краткорочен период, планирани се серија активности за адаптација на стратегијата, како и јавна дебата, по што Струмица ќе биде првата македонска општина со стратешки план за целосна дигитализација на јавните сервиси, сѐ во корист и за поедноставување на секојдневното функционирање на граѓаните.

Со овој чекор, кој го започнавме пред повеќе од една година даваме придонес и кон Националната Стратегија за Дигитално Општество.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...