spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирана улица во Јака

Илинден: Асфалтирана улица во Јака

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица добива и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина. Во наредниот период ќе се продолжи со асфалтирање и на другите улици со цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и овозможување квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Илинден: Изградба на стадионот

0
Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна со изградба на фудбалскиот стадион во Илинден, кој ќе се реализира во неколку...