Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.
Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. Целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено лед осветлување, обновена е на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, како и партерно уредување на просторот. Покрај спортското игралиште реконструирано е и детско игралиште со реквизити како нишалки и клацкалки.
Со обновувањето на игралиштето се создадени се услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, Општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места.
Извор: Општина Илинден