spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Меѓусебна поддршка за ефикасно управување со јавните средства

МФ: Меѓусебна поддршка за ефикасно управување со јавните средства

Денеска, на 27.06.2024 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, новоизбраниот министер за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска, оствари работна средба со главниот државен ревизор, г. Максим Ацевски.

Прашањата поврзани со предизвиците во управувањето со јавните финансии, потребата од зголемена транспарентност и отчетност во управувањето со јавните средства и значајната улога на Државниот завод за ревизија во насока на зајакнување на институционалните капацитети и создавање на ефикасно контролно опкружување и заштита на јавните средства, беа предмет на дискусија на денешната работна средба.

Главниот државен ревизор, г. Ацевски ја поздрави иницијативата на министерката Димитриеска-Кочоска и изрази подготвеност за понатамошна соработка и поддршка. Истовремено  ја потенцира важноста за донесување на новиот Закон за државна ревизија, со кој се зајакнува финансиската и оперативната независност на Државниот завод за ревизија, а воедно обезбедува и можност за постапување по препораките од ревизијата и разгледување на ревизорските извештаи од страна на Собранието.

„Оваа активност претставува одговор на барањата од Европската унија и Меѓународните стандарди за државна ревизија (ISSAI)“, истакна Главниот државен ревизор.

„Оваа средба е само една од многуте активности кои се во насока на унапредување на улогата на државната ревизија кое е од клучно значење за остварување на поставените реформски цели во финансискиот сектор“, додаде Димитриеска-Кочоска.

Двајцата соговорници изразија отвореност и заложба за поинтензивна соработка, со цел за подобро и поодговорно управувањето со јавните средства и зголемување на довербата на граѓаните во ефикасноста на системот и начинот на користење на средствата на даночните обврзници.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Илинден: Изградба на стадионот

0
Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна со изградба на фудбалскиот стадион во Илинден, кој ќе се реализира во неколку...