spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Тендер за набавка на нови компресори, нова позитивна листа, регионализација на...

МЗ: Тендер за набавка на нови компресори, нова позитивна листа, регионализација на услугите и дигитализација во здравството

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките.

Тој најави дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.

Министерот Таравари информираше дека во владина процедура се доставени и законските измени за укинување на економските директори во универзитетските клиники, а се осврна и на спојувањето на клиниките во еден клинички центар, со што тенденцијата е да се намали бројот на директори и членови на управни одбори.

-Посебно внимание во следниот период посветуваме на регионализација на здравствените услуги и на мотивирање и стимулирање на докторите од клиниките да работат во болниците во другите градови. Исто така, планираме стратегија во соработка со Медицинскиот факултет за стимулирање на докторите да се запишуваат на дефицитарните специјализации, како што се педијатрија, анестезиологија, радиологија и друг дефицитарен кадар, рече министерот Таравари.

Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...