Денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, остварија работна средба со високи претставници на Британскиот Совет и Делегацијата на Европската Унија.
На средбата меѓу другото се разговараше за подобрување на условите за образование на младите и нивната перспектива во иднина.
Соговорниците се согласија дека дигиталната трансформација ќе одигра важна улога за младите, особено во делот на градење дигитални вештини, гемификација на образовните програми и интерес за ИКТ образованието.