spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Мора да креираме Национална стратегија за образование, за која...

МОН: Јаневска – Мора да креираме Национална стратегија за образование, за која ќе има политички консензус

На државата и е потребна Национална стратегија за образование во која ќе се постават принципи за создавање на квалитетен образовен систем во Македонија и ова е една од целите во нашата програма. Тоа ќе биде документ кој ќе го прифатат сите или повеќето политички субјекти и на некој начин ќе биде работна програма за подигнување на квалитетот на образованието. Доколку постигнеме таков консензус, би било добро тој документ да го прифати и Собранието.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата 360 на МТВ, каде говореше за состојбите во образованието и за приоритетите на кои ќе се фокусира за време на мандатот.

Таа посочи дека на самиот почеток детектирала многу проблеми кои мора итно да се надминат. Затоа, како што рече, немаме време да се фокусираме само на еден или неколку елементи, туку повеќе промени ќе се одвиваат паралелно во основното, средното и високото образование.

Информираше дека во соработка со другите надлежни институции се заложува за обезбедување учебници за сите ученици во основните училишта, имајќи предвид дека во време на претходната Влада не е испечатен ниту еден учебник за седмо одделение, а 90% не се ниту одобрени, иако во јавноста се презентирале поинакви состојби. Повтори и дека заедно со Бирото за развој на образованието ќе се ревидира Концепцијата за основно образование.

Работа на училиштата во една смена и целодневна настава за учениците е исто така во фокусот на политиките на новата министерка за образование и наука.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...