spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Лимани-Фугер - Продолжува заедничката соработка од која бенефит ќе имаат...

МСПДМ: Лимани-Фугер – Продолжува заедничката соработка од која бенефит ќе имаат граѓаните

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со аташето за социјални работи на Австриската амбасада во Република Северна Македонија, Харалд Фугер.

На средбата се разговараше за досегашната соработка и поддршка на Република Австрија во реализацијата на проекти и активности на полето на социјалната заштита, заштитата на децата, зaштитата на маргинализираните групи и заштитата од семејно насилство.

Двајцата соговорници постигнаа договор заеднички да се работи на подобрување на условите во дневните центри и центрите за социјална работа со цел поефективно да се опслужуваат одредени категории граѓани под надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади.  

На крајот од средбата беа истакнати намерите за продолжување на соработката помеѓу двете држави, од која краен бенефит ќе имаат сите граѓани.

Извор: Министерство за социјална политика, демокрафија и млади

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...