spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Средба Лимани- Дуџак

МСПДМ: Средба Лимани- Дуџак

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари работна средба со постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Предмет на дискусија на средбата беа конкретните проекти што ги спроведува Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на Обединетите Нации, а кои што се однесуваат на социјалната заштита, борбата против сиромаштијата, младите, демографијата, родовата еднаквост и превенцијата од семејно насилство.

Средбата помеѓу Лимани и Дуџак беше искористена начелно да се исцртаат идните точки на соработка, односно се договори интензивирање на соработката со цел унапредување на квалитетот на услугите од сферата на социјалната заштита, младите и демографијата.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р...