spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: 3 милиони денари за граѓаните кои настрадаа од невремето

Бутел: 3 милиони денари за граѓаните кои настрадаа од невремето

На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на средства во износ од 3 милиони денари, за обештетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето и формирање на комисија која ќе ги утврди штетите од невремето.

Изминатите неколку денови општина Бутел беше зафатена од невремето каде што имаше поројни дождови и многу граѓани претрпеа штета во своите домови.

Наскоро, општина Бутел ќе го објави повикот и постапката на кој начин граѓаните ќе можат да поднесат барање за утврдување на штетите од невремето.

Градоначалникот истакна дека секогаш ќе изнајде начин и решение да им помогне на сите граѓани на општина Бутел.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...