Саботата ја посветивме на хуманоста. Заедно со отец Оливер и Хуманитарна организација “Свети Спас” поделивме голем број на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена на пензионерите со ниски примања кои членуваат во Здружението на инвалиди на трудот Гази Баба и приматели на инвалидска пензија.
Денес со нашата активност да помогнеме на многу семејства од Општина Гази Баба. Нашето малку за некој значи многу.
Општина Гази Баба и градоначалникoт Бобан Стефковски и во иднина ќе продолжиме да соработуваме со отец Оливер и Хуманитарната организација Свети Спас со цел да помогнеме на сите оние на кои им е потребна нашата помош.
Извор: Општина Гази Баба