Градоначалникот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните кои извршиле набавка на инвертер клима уред и оние граѓани кои вградиле уред за течен нафтен гас во своите возила.
Изминатите две и половина години од општинскиот буџет преку субвенции кон граѓаните се вратени повеќе од 15.000.000 денари.
Ова се одлични мерки за директна финансиска помош на граѓаните и истите ќе продолжиме да ги реализираме и во иднина.
Извор: Општина Гази Баба