spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование,...

МОН: Јаневска – Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование, ќе градиме стабилен систем

Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование. Потребен ни е стабилен систем кој нема да се менува на неколку години, со секоја промена на Влада или на министер. За жал, и јас се наоѓам во ситуација кога треба да правам итни промени, во насока на обезбедување непречен воспитно образовен процес. Тоа некако страшно звучи меѓу граѓаните кои сосема оправдано имаат страв кога ќе се спомене реформа. Но, ветувам дека во иднина ништо нема да биде направено на сила и без консултации со засегнатите чинители на образовниот систем.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „Магазин“ на ТВ Вистел,  каде говореше за проблемите кои ги затекнала во министерството, како и за плановите на Владата за унапредување на квалитетот на македонскиот образовен систем.

„Деновиве потпишувам исплата на финансиска помош за учениците од социјално ранливите категории, за јануари, февруари и март. Минатата Влада не им ги исплатила и не ми е јасно зошто, кога имало доволно средства на соодветната ставка. Ова е едноставен пример до каде отишла неодговорноста кон граѓаните“, рече Јаневска, додавајќи дека има многу проблеми од ваква природа кои се наталожиле низ годините наназад, а всушност можеле да бидат одбегнати.

Посочи дека меѓу клучните приоритети е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни програми, а се осврна и на грижата кон наставниците и на подигнувањето на степенот на инклузија во образованието.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...