Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка на надлежните министерства за локална самоуправа и за дигитална трансформација, со ЗЕЛС и со единиците на локалната самоуправа, процесот забрзано ќе се движи напред.
На состанокот беше истакнато дека дигитализацијата е приоритет на оваа Влада што е потврден и преку воспоставувањето на новото Министерство за дигитална трансформација кое што има мандат да ги координира сите активности за дигитална трансформација и на централно и на локално ниво.
Целта е да се олесни пристапот на граѓаните до сите услуги, да се зголеми ефикасноста, но и транспарентноста во работењето на јавниот сектор и на локално и на централно ниво. Крајната цел е да се обезбеди опфат на сите општини кои што ќе обезбедуваат дигитални административни услуги за граѓаните и да се овозможи единствен пристап до електронските услуги преку националниот електронски портал Е-Услуги.
Извор: Javnaadministracija.mk